07.11.2023 Скопје
Европскиот систем за следење на безбедноста на храната предупредува на присуство на забранет пестицид во овошјето кое се одгледува во Хрватска.
Хлорпирифос, пестицид кој е особено опасен за децата, е откриен во мандарини што се продаваат во Хрватска и Словенија.
Тестирањето на овошјето покажало дека покрај тоа што хлорпирифос е забранет, тој е пронајден во количина од 0,033 mg/kg, додека максималната дозволена количина е 0,01 mg/kg.
Овој пестицид е поврзан со нарушувања во развојот на мозокот, вниманието и хормоналниот систем кај децата.
Подготвено од М.Д.