24.11.2023 Скопје
Податоците објавени од кредитното биро Криф покажуваат дека повеќе од 15.000 ресторани, пабови, барови и кафулиња во Германија се изложени на ризик од неликвидност.
12,6 отсто од анализираните угостителски објекти се во финансиски проблеми. Во јануари 2020 година, пред пандемијата, 10,7 проценти или 12.662 беа во ризик од банкрот.
Рестораните во Берлин се особено погодени. Според Криф, тоа е 16,5 отсто од објектите.
Најмал ризик од неликвидност имаат рестораните во Баварија и Пораине-Фалачка, на југозападниот дел на земјата, каде што се погодени 10,5 отсто од рестораните.
Германската угостителска индустрија сè уште не закрепна од пандемиската криза. Федералното биро за статистика објави дека во септември оваа година прометот бил за 12,6 отсто помал во однос на истиот месец од 2019 година. И во однос на септември лани прометот е помал за 0,2 отсто.
Посебно настрадаа баровите, при што прометот на пијалоци им падна за 34,5 отсто за четири години. Во истиот период, рестораните, гостилниците и кафулињата бележат пад од 8,1 отсто.
Со намалување на прометот се намалува и бројот на вработени. Во септември таа беше за четири отсто повисока од претходната година, но за 6,7 отсто помала од 2019 година, пред кризата.
Додека тие се борат да најдат работници, кои се особено недостиг од пандемијата, рестораните ретко можат да понудат добра заработка. Точно половина од вработените во угостителството работеле за ниски плати во октомври 2022 година.
Во целата економија учеството на слабо платените работни места изнесувало дури 15,2 отсто.
Поради неколку кризи чии ефекти се испреплетени, веќе извесно време во гастрономијата е на сила намалената стапка на ДДВ од седум отсто. Сепак, вака ќе биде до крајот на годината. Од 2024 година треба да се применува редовната стапка од 19 проценти.
Од Криф наведуваат дека со ова може да се зголеми бројот на стечајни фирми.
„Во наредната година, банкротите во туристичката индустрија ќе продолжат да растат“, рече Френк Шлајн, извршен директор на Криф.
Подготвено од А.Ѓ.