francija france

28.11.2023 Скопје

По насилните демонстрации на активистите, францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дерманин најави дека ќе бара распуштање на трите екстремно десничарски групи.

Околу 80 ултрадесничарски активисти изминатиот викенд демонстрираа на улиците на Роман-сур-Изер, подготвени да се судрат со полицијата по интервенциите извршени поради убиството на млад човек во градот Крепол.

„Ќе предложам распуштање на групата наречена Мартел дивизија. Самото име очигледно влева страв. Ќе предложам и распуштање на две други ултрадесничарски групи“, изјави денеска Жералд Дарманин.

Дивизијата Мартел е мала група на париската ултрадесница која во своите редови има поединци кои учествувале во насилните демонстрации во саботата вечерта.

Секретарот на Комунистичката партија на Франција во понеделникот за Франс Интер изјави дека екстремната десница води кон граѓанска војна во Европа и Франција и тоа го прави со полна сила.

„Верувам дека постои мобилизација меѓу ултрадесничарите која сака да не турне во граѓанска војна“, рече Жералд Дерманин и рече дека „никој нема да ја замени државата“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author