22.11.2023 Скопје
Асоцијацијата на европски производители на автомобили објави дека во земјите на ЕУ во октомври се регистрирани 855.484 нови автомобили, што е за 14,6 отсто повеќе во споредба со истиот месец минатата година.
Ова е 15-ти последователен месец на раст на бројот на нови регистрирани автомобили во ЕУ, додава ACEA на својата веб-страница.
Во октомври, пазарот на автомобили во Франција забележа раст на годишно ниво од 21,9%, во Италија за 20%, а во Шпанија од 18,1%, додека германскиот пазар забележа поблаг раст (4,9%).
Во октомври се регистрирани најголем број нови возила на бензин – 33,4%, потоа хибридно-електрични возила (HEV) – 28,6%, електрични возила на батерии – 14,2%, и дизел автомобили – 12%.
Бројот на нови регистрирани електрични возила на батерии се зголеми за 36,3% на годишно ниво во октомври, односно за 121.808 автомобили. Во периодот од јануари до октомври, бројот на регистрации на нови автомобили во ЕУ се зголемил на годишно ниво за 16,7%, односно за речиси девет милиони возила.
Подготвено од М.Д.