stanoviii

25.11.2023 Скопје

Цената на просечен квадратен метар стан во нова зграда во Црна Гора од септември 2021 година до истиот месец годинава се зголемила од 1.203 на 1.647 евра или за 40 отсто.

За две години цената на станот, на републичко ниво, е зголемена за 443 евра или за 37 отсто. Поскапувањето на становите се должи на пореметувањата на пазарот и зголемените трошоци, како и на големиот интерес на странците за купување станови, покажуваат споредбените податоци на Дирекцијата за статистика на Монстат.

Во Подгорица растот на цените на становите е уште поголем и изнесува 43 отсто. Просечната цена на метар квадратен на нова зграда во главниот град пред само две години беше 1.182 евра, а сега е 1.700 евра.

Во крајбрежниот регион цената на метар квадратен порасна за овој компаративен период од 1.385 на 1.584 евра или за 14 отсто. Во северниот регион растот на цените на становите за последните две години е најмал и изнесува три отсто, односно просечната цена на метар квадратен се зголеми од 1.250 на 1.288 евра.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author