Црна Гора

28.11.2023 Скопје

Пратениците во Собранието на Црна Гора ги усвоија измените на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите.

Со ова се поддржа и измената на членот 2 од тој закон, кој се однесува на датумот на пописот што ќе се одржи од 30 ноември до 15 декември, но со можност за продолжување за 15 дена.

За усвојување на измените на законот гласаа 64 од вкупно 81 пратеник.

Пописот во Црна Гора требаше да се одржи од 1 до 15 ноември, но тој беше одложен откако ДПС и другите опозициски партии најавија бојкот на пописот, тврдејќи дека тој е нерегуларен.

Подготвено од М.Д.

About Author