Image by Bernd Schray from Pixabay

07.11.2023 Скопје

Од денеска сите видови горива поевтинуваат во Црна Гора за еден до три центи, соопшти Министерството за енергетика и рударство.

Еуросупер 95 и 98 поевтинија за еден цент и во следните 15 дена ќе чинат 1,53 евра, односно 1,57 евра.

Цената на еуродизелот е пониска за три центи и изнесува 1,55 евра. За три центи поевтини и мазутот на 1,51 евро.

Последните промени на цените беа на 24 октомври, кога сите видови горива поевтинија за три до четири центи.

Подготвено од М.Д.

About Author