15.11.2023 Скопје
Во речиси 3.000 бразилски градови и населени места во сила е црвен метеоролошки аларм поради екстремните горештини.
Температурата достигна рекордни височини во областите околу градот Рио де Жанеиро, каде што надмина 52,5 степени Целзиусови.
Повеќе од сто милиони луѓе се погодени од горештините, а овој топлотен бран сигурно ќе трае до петок.
Надлежните веруваат дека оваа топлина е дел од феноменот „Ел Нињо“ и последица на климатските промени. Националниот институт за метеорологија објави дека просечната температура во Сао Паоло е 37,3 степени Целзиусови.
Институтот прогласи црвен аларм за голем дел од земјата, што значи дека температурата е над просекот за пет степени Целзиусови повеќе од пет дена и претставува закана за здравјето на луѓето.
Екстремните временски услови стануваат се почести и посилни ширум светот поради климатските промени.
Подготвено од А.Ѓ.