avionska kompanija irska

06.11.2023 Скопје

Авиокомпанијата „Рајанер“ денеска објави дека за прв пат од нејзиното излегување на берзата во 1997 година, ќе исплати редовна дивиденда која ќе изнесува 400 милиони евра во 2024 година.

Рајанер изјави дека во фискалната година која завршува во март 2024 година, очекува добивка во опсег од 1,85 до 2,05 милијарди евра и најави дека во иднина може да исплати специјална дивиденда и да ги откупи своите акции.

„Очекуваме многу добри резултати оваа фискална година, над очекувањата“, рече финансискиот директор на Ryanair, Нил Сорахан.

Во исто време, ирската авиокомпанија предупреди на негативните ефекти од поскапувањето на керозинот и доцнењето на испораката на авионите Боинг, поради што е малку веројатно Ryanair да забележи толку добри резултати во третиот фискален квартал – од октомври до декември – како и во истиот период лани.

Четвртиот фискален квартал – од јануари до март – е традиционално послаб и изгледите засега се нејасни, се додава во соопштението на Ryanair.

Денеска акциите на Ryanair на берзата во Даблин пораснаа за цели 6,6 отсто на 16,2 евра, што претставува најголем пораст од почетокот на годината.

На годишно ниво акциите на Ryanair пораснаа за 30 отсто, а на конкурентот Easyjet за 25 отсто.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author