24.11.2023 Скопје
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека грчката Влада има намера да ги зголеми туристичките такси и очекуваниот приход од 600 милиони евра да го насочи кон фондот за санација на штетите предизвикани од климатските промени.
Туристичката такса за најевтиното ноќевање во апартман наместо досегашните 0,5 евра за ноќевање ќе изнесува 1,5 евро, а таксата за ноќевање во хотели со пет ѕвезди ќе се зголеми од четири на десет евра за ноќ.
Мицотакис додаде дека приоритетите на овој фонд ќе бидат „најбрза можна мобилизација за спасување животи во катастрофите со кои ќе се соочиме во иднина“, како и обезбедување финансиски средства за одбрана од климатската криза.
По разорните пожари во јули, а потоа и на крајот на август, кои опустошија повеќе од 150.000 хектари.
На почетокот на септември, Грција беше погодена и од катастрофални поплави.
Подготвено од А.Ѓ.