https://www.facebook.com/photo.php?fbid=677305733750950&set=pb.100044145893852.-2207520000.&type=3

21.11.2023 Скопје

Централната банка на Црна Гора соопшти дека за девет месеци од годинава е остварен буџетски суфицит од 2,7 отсто од предвидениот годишен бруто-домашен производ, благодарение на растот на примарните приходи од 20,9 отсто и намалувањето на буџетските расходи за 6,2 отсто во однос на планот.

Податоците што ги презентира Централната банка се за периодот на 43-та Влада на чело со Дритан Абазовиќ.

Дефицитот на тековната сметка, како што се наведува, и натаму е значително висок, иако во првите шест месеци од годинава бил за 2,24 отсто помал во споредба со истиот период лани.

Со седницата на Советот претседаваше гувернерот на Централната банка (ЦБЦГ), Радоје Жугиќ, а присутни беа и членовите, и тоа министерот за финансии Новица Вуковиќ, претседателот на Комисијата за пазар на капитал Жељко Дринчиќ и претседателот на Советот на Агенцијата за супервизија на осигурување, Марко Ивановиќ.

На покана на гувернерот на седницата присуствуваше и директорот на Фондот за заштита на депозити Војин Влаховиќ.

Како што информираат од ЦБЦГ, на седницата се разговарало за Информациите за финансиската стабилност за третиот квартал од оваа година.

„Податоците од овој документ укажуваат на раст на индустриското производство во Црна Гора во првите три квартали од шест отсто, во споредба со споредливиот период минатата година. Во истиот период трговијата на мало оствари раст од 15,9 отсто“, се прецизира во соопштението.

Податоците за колективното сместување за првите девет месеци укажуваат на раст на бројот на пристигнувања на туристи од 23,9 отсто и на ноќевањата од 18,9 отсто, во однос на споредливиот период лани.

Годишната стапка на инфлација во септември годинава изнесува 7,9 отсто.

Како што беше оценето на седницата, трендовите кои го карактеризираат банкарскиот сектор и понатаму се позитивни.

Вкупната актива на банките на крајот на третиот квартал беше на историски максимум и изнесуваше 6,8 милијарди евра.

„Капиталот на банките на крајот на третиот квартал изнесува 808,5 милијарди евра што е раст од седум отсто на квартална основа или 31,8 отсто на годишно ниво. Надолниот тренд на нефункционалните кредити продолжува, па нивното учество во вкупните кредити на крајот на третиот квартал изнесуваше пет проценти. Депозитите пораснаа за 4,8 отсто на квартална основа, а за 11,2 отсто на годишна основа“, се наведува во соопштението.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *