https://www.flickr.com/photos/188027733@N06/49790335083/in/photolist-2iRNtXa-4jkCQa-5UAjQU-RxaRr3-gjdJK-7nB8jD-4zV6Fb-rSyfZC-3crMWR-6uq6EM-2hS3FVM-4zVbsL-xUKJN-7CCJ8J-4vSYCv-2sCz8-513AJo-fC4zL-4zV3Md-2XggC-6TvB5w-6H2v4c-whJYba-2hHGbTC-7XpKRA-4ZYn8v-cnaNv9-4ZYo5B-4RFtt-5GsMKm-4i8TVs-2piCsa-513yH9-51Ciai-4zQZ9c-4zVgCA-513AxL-4smLZr-4ZYmXp-8KM2SA-4ZYngg-513zzs-4ZYnFi-4ZYoiF-513zXw-4oTyC2-7yKF74-5vzkUv-6p5okR-4Zj5Ga

24.11.2023 Скопје

Според милијардерот и основач на Мајкрософт, Бил Гејтс, технологијата можеби нема да ги замени луѓето, но може да овозможи тридневни работни недели.

Во врска со заканата на работните места што може да дојде поради вештачката интелигенција, Гејтс истакна дека еден ден може да дојде време кога луѓето „нема да мораат да работат толку многу“.

„Ако на крај добиете општество во кое ќе треба да работите само три дена во неделата, тоа е веројатно во ред“, рече Гејтс.

Гејтс истакна дека во иднина може да има свет каде што „машините ќе можат да ја направат сета храна и друго“, а луѓето нема да мораат да работат пет дена во неделата, а некои дури и повеќе за да заработат плата од која можат да преживеат.

Покрај позитивните промени кои ги носи вештачката интелигенција, постојат и ризици од вештачката интелигенција доколку се злоупотреби.

Бил Гејтс во јули објави блог пост за потенцијалното влијание на вештачката интелигенција.

„Мислам дека влијанието на вештачката интелигенција нема да биде толку драматично како индустриската револуција, но сигурно ќе биде големо како воведувањето на персоналниот компјутер. Апликациите за обработка на текст не ја укинаа канцелариската работа, но ја променија засекогаш“, рече Гејтс.

Тој истакна дека работодавците и вработените мораа да се прилагодат и тоа и го направија.

Извршниот директор на ЈП Морган, Џејми Димон, исто така истакна дека следната генерација работници ќе имаат само 3,5 дена работна недела поради вештачката интелигенција.

Димон додаде дека идните деца ќе живеат до 100 години и нема да имаат рак поради технологијата и веројатно ќе работат три и пол дена во неделата.

Гејтс спиењето го смета за „мрзеливост“, потенцирајќи дека неговиот живот се врти околу Мајкрософт од 18 до 40 години и сега тој верува дека „целта на животот не е само работата“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author