https://www.facebook.com/ConElPapa/photos/pb.100064414973238.-2207520000../1301633136609365/?type=3

09.11.2023 Скопје

Транссексуалците можат да се крстат, да бидат кумови и сведоци на свадби во римокатоличките цркви, објави Ватикан.

Во соопштението на ватиканската доктринална канцеларија, сепак, не се наведува експлицитно дали истополовиот пар може да крсти посвоено дете или добиено со помош на сурогат мајка.

Ватикан изјави дека за крштевање на дете од истополови парови мора да постои „основана надеж дека ќе се образува во католичка вера“.

Како одговор на прашањето дали транссексуалците можат да се крстат, доктриналната канцеларија рече дека тие можат, под одредени услови и се додека „не постои ризик од предизвикување јавен скандал или дезориентација меѓу верниците“.

Во него се додава дека транссексуалците можат да бидат кумови на крштевките, како и сведоци на црковните венчавки, но на свештениците им се советува да бидат внимателни кога одобруваат такви работи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author