elektronski cigari zabrana avstralija

23.11.2023 Скопје

Денес, на пазарот има голем број електронски уреди кои претставуваат подобра алтернатива за продолжување на пушењето цигари за возрасни пушачи.

Сепак, не се сите алтернативи исти, и само оние кои се потврдени од науката се безбедни.

Основните разлики меѓу нив се во тоа што се поделени на тутунски и нетутунски производи, како и различните технологии на кои се базираат.

Така, од една страна, постојат уреди базирани на технологијата на загревање на вистински тутун (HNB – heat not burn devices), од кои најпознат е IQOS, кој воедно е и единствениот систем за загревање на тутунот што  американската Администрација за храна и лекови ги класифицира како модифициран здравствен производ за ризици.

Од друга страна, постојат електронски цигари кои работат на принцип на загревање на течност која може да содржи никотин.

И иако може да има скептицизам кај општата популација за овие алтернативи, науката е неподелена и тврди дека овие уреди се подобра опција отколку да продолжите да пушите, но само ако се докажани, научно засновани уреди и ако целосно се префрлите на нив.

Секако, најдобрата одлука што може да се донесе е целосно да се остават цигарите и сите тутунски и никотински производи, но за оние кои не сакаат, алтернативите се подобро решение.

Најголемата предност на уредите кои го загреваат тутунот, но не го согоруваат, е елиминацијата на процесот на согорување, со што се елиминираат повеќето штетни и потенцијално штетни материи кои се ослободуваат од согорувањето преку чадот од тутунот.

Од друга страна, овие уреди содржат вистински тутун, а со тоа и супстанца никотин, природна состојка на растението тутун, која предизвикува зависност, но докажано дека не е главен виновник за болестите поврзани со пушењето.

Заедничко за електронските цигари и уредите што го загреваат тутунот е тоа што и двете се алтернативи за цигарите и подобро решение отколку да продолжите да пушите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author