04.11.2023 Скопје
Шест модели на скејтборди во количина од 559 парчиња се повлечени од пазарот во БиХ и уништени, бидејќи претставувале сериозен ризик за потрошувачите, соопшти Агенцијата за надзор на пазарот на БиХ.
Агенцијата и пазарните инспекции на Република Српска, Федерацијата Босна и Херцеговина и округот Брчко извршија заедничка проверка на скејтбордите од мај до октомври, со цел да се утврди дали тие ги исполнуваат пропишаните безбедносни барања, така што беа извршени лабораториски тестови на седум примероци од скејтборди, како и административна проверка на етикетирањето и информациите пропишани од производителот и визуелна проверка на одредени безбедносни карактеристики.
Лабораториското тестирање утврди дека шест од седум тестирани модели на скејтборд, или 86 отсто, не ги исполнуваат безбедносните барања пропишани во стандардот BAS EN 13613:2012.
„Врз основа на резултатите од надзорот на пазарот, може да се заклучи дека состојбата на пазарот во БиХ, во однос на безбедноста на скејтбордите, е незадоволителна“, посочуваат од Агенцијата.
Подготвено од А.Ѓ.