https://www.facebook.com/ViktorVeledVagyunk/photos/1375515825850068

22.11.2023 Скопје

Според најновиот предлог закон поднесен на 21 ноември, Владата на Унгарија сака да го криминализира странското финансирање на изборните кампањи.

За најнова казна од страна на националистичката влада на премиерот Виктор Орбан врз политичките ривали и критичари се смета таканаречениот „закон за заштита на суверенитетот“.

По парламентарните избори во 2022 година, владата објави декласифицирани разузнавачки извештаи во кои се тврди дека опозициската алијанса добила финансиски средства од невладина организација со седиште во Соединетите Држави.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан тврди дека парите од американските даночни обврзници биле искористени за финансирање на кампањата за негов пораз.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author