aleksandar ceferin reizbran za pretsedatel na uefa

02.11.2023 Скопје

Европската фудбалска унија, УЕФА, соопшти дека српската фудбалска репрезентација е казнета со еден натпревар без публика и вкупна парична казна од 89.250 евра поради навивачки инциденти за време на натпреварот со Црна Гора во квалификациите за ЕП 2024 година, додека пак хрватската фудбалска репрезентација е казнета со парична казна од 30.000 евра со делумно затворање на трибината на првиот претстоен домашен натпревар со капацитет од најмалку 6.000 седишта.

Дисциплинската комисија на УЕФА донесе одлука за казнување на хрватската фудбалска репрезентација поради однесувањето на дел од навивачите на натпреварот Хрватска-Турција што се одигра во Осиек на 12 октомври во рамките на квалификациите за ЕП 2024 година. Воедно, активирана е условната казна од 2 октомври (затворање на трибината со капацитет од најмалку 1.000 седишта), изречена за инцидентот на натпреварот против Летонија во Риека, а нова казна затворање на трибината изречени се уште најмалку 5.000 места, што вкупно изнесува наведените 6.000 места.

Исто така, хрватската фудбалска репрезентација е казнета и со нови 1.000 евра поради палење факели, за што бил пријавен од делегатот на натпреварот.

Србија на 19 ноември ќе игра во Лесковац со Бугарија во последниот квалификациски натпревар за Европското првенство кое ќе се одржи во 2024 година. Но, казната на УЕФА не значи автоматски дека стадионот во Лесковац ќе биде празен, затоа што Фудбалскиот сојуз на Србија ќе ја искористи можноста да има деца до 14 години на трибините, што значи дека избраниците на Драган Стојковиќ ќе имаат убава средина за историски пласман на ЕП 2024.

Покрај фудбалските репрезентации на Србија и Хрватска, казнета е и фудбалската репрезентација на Црна Гора со вкупно 20.000 евра и забрана за водечки навивачи на следниот натпревар на гости.

Дисциплинската постапка против фудбалската репрезентација на Хрватска е и поради дискриминација и расизам.

Хрватскиот фудбалски сојуз во своето соопштение ја повтори осудата на неприфатливото скандирање на мал дел од навивачите, но во исто време детално ги опиша конкретните постапки на ХНС, МУП и судските органи, кои заедно покажаа дека Здружението и владеењето на правото цврсто се борат против расизмот и дискриминацијата.

УЕФА таквите аргументи ги прифати како олеснителни околности, а ХНС избегна целосно затворање на стадионот, па репрезентацијата ќе има поддршка од навивачите на Максимир во потенцијално клучниот натпревар за одење на ЕП 2024 против Ерменија. Хрватскиот фудбалски сојуз во наредните денови ќе ја информира јавноста за процесот на продажба на билетите за натпреварот против Ерменија кој ќе се одигра во Загреб на 21 ноември.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author