15.11.2023 Скопје
Осум средношколци се уапсени во Лас Вегас и се соочуваат со обвиненија за убиство во врска со смртта на 17-годишниот Џонатан Луис.
Апсењата доаѓаат неколку недели откако Џонатан им подлегна на повредите здобиени во тепање во близина на средното училиште Ранчо. Канцеларијата на судски лекар во округот Кларк го наведе начинот на смрт како убиство, што доведе до голем број апсења.
Сите уапсени обвинети се на возраст од 13 до 17 години и се ученици во гимназијата Ранчо.
На 1 ноември, околу 15 млади наводно брутално го нападнале 17-годишниот Луис во близина на средното училиште Ранчо кога тој се обидел да застане во одбрана на помлад пријател кој бил ограбен од група млади.
Властите сè уште трагаат по уште двајца тинејџери за кои се верува дека се вмешани во фаталниот напад врз Џонатан. ФБИ помогна во апсењето.
Страшна снимка покажува како Џонатан го тепаат насилници на училиште по расправија за украдени безжични слушалки. Ова е откако сите се договориле да се сретнат во уличката и да се степаат за тоа.
Подготвено од М.Д.