23.11.2023 Скопје
Израелските сили денеска го уапсија директорот на болницата Ал Шифа во Газа, и уште неколку лекари, изјави шефот на одделот на таа институција Калид Абу Самра.
Тој изјави дека Мохамед Абу Салмија, директорот на најголемата болница во Газа, е уапсен и е испрашуван од членови на разузнавачката служба Шин Бет и израелската армија (ИДФ).
Таа болница била главниот фокус на израелската операција против Хамас.
Израелското воено радио објави дека Абу Салмија бил приведен додека се движел да се евакуира кон југот на Појасот Газа.
Подготвено од М.Д.