bajden i tramp 123

06.11.2023 Скопје

Според последните истражувања на јавното мислење, Доналд Трамп, поранешниот претседател на САД, води во пет држави пред претседателските избори во ноември следната година.

Овие најнови истражувања доведоа до голема загриженост кај раководството на Демократската партија дека 81-годишниот Џо Бајден, претседател на САД и демократски кандидат за следните избори, ќе може да преживее во брутална изборна кампања која нема да запре ниту на самиот изборен ден во Америка поради се поочигледните знаци на стареење, изборите со Трамп, чија популарност и покрај дури 90 криминални истраги против него, не попушта.

Последните анкети покажуваат дека Трамп води пред Бајден со дури десет поени во Невада, шест во Џорџија, пет во Аризона, пет во Мичиген и четири во Пенсилванија. Клучни држави, според американскиот изборен систем, се оние држави во кои е важно кандидатот да победи бидејќи традиционално се неутрални и носат многу изборни гласови. Анкетата е спроведена од 22 октомври до 3 ноември и вклучува одговори од 3.662 регистрирани гласачи.

„Овие бројки веројатно ќе предизвикаат паника меѓу демократите и ќе ги обноват сомнежите кај Американците. Доколку се потврди истражувањето во 2024 година, нема да има изборен пат до победата на Бајден. И сè поавторитарниот Трамп – кој ветува втор мандат на „одмазда“ – може да обезбеди враќање во Белата куќа и покрај тоа што предизвика метеж на Капитол Хил со неговите лажни тврдења за изборна измама во 2020 година“, се вели во анализата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author