https://www.facebook.com/PresidentDonaldJTrump2017/photos/3414279438794150

07.11.2023 Скопје

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја одби поканата на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ја посети Украина за да го види степенот на рускиот напад, додавајќи дека го почитува Зеленски, но дека таквата посета во овој момент би била „несоодветна“.

„Имам голема почит кон претседателот Зеленски, но мислам дека би било несоодветно да одам во Украина во овој момент“, рече Трамп.

Според Трамп, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден „моментално се занимава“ со Зеленски и не би сакала „да создаде конфликт на интереси“.

Зеленски го покани Трамп да ја посети Украина, откако поранешниот американски претседател рече дека може да ја прекине руската војна против Украина во рок од 24 часа доколку победи на изборите следната година. Во интервју, Зеленски го доведе во прашање тврдењето на Трамп и го покани да ја посети Украина за сам да се увери во размерите на руската инвазија.

„Ако може да дојде овде, ќе ми требаат 24 минути – да, 24 минути… да му објаснам на претседателот Трамп дека не може да управува со оваа војна. Тој не може да донесе мир поради (рускиот претседател Владимир) Путин“, рече Зеленски.

Трамп во мај изјави дека војната немаше да се случи доколку тој беше претседател кога започна целосната руска инвазија и дека би можел да го реши конфликтот за еден ден доколку биде реизбран.

„Ќе се сретнам со Путин. Ќе се сретнам со Зеленски. И двајцата имаат слабости и имаат силни страни. И во рок од 24 часа таа војна ќе се реши“, рече Трамп.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *