bolnica vo gaza

08.11.2023 Скопје

Портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО), Кристијан Линдмајер, изјави дека повеќе од 160 здравствени работници починале додека вршеле должност во Појасот Газа.

Тој повика да се укинат ограничувањата за медицинска нега, велејќи дека некои лекари вршат големи операции, вклучително и ампутации, без анестезија.

„Повеќе од 160 здравствени работници загинаа додека ја извршуваа својата должност грижејќи се за повредените и болните. Тоа се луѓе кои го одржуваа здравствениот систем само со својата посветеност“, рече портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер на брифинг со новинарите.

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, претходно ги повика сите страни во конфликтот во Газа да го прекинат огнот и „да работат на траен мир“.

Директорот на СЗО на социјалните мрежи објави дека во месецот на интензивно бомбардирање во Газа загинале 10.000 луѓе, од кои повеќе од 4.000 се деца.

„Колку долго ќе трае оваа човечка катастрофа?“, праша Тедрос.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author