15.11.2023 Скопје
Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) и Светската здравствена организација (СЗО) се повлекоа од Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство.
„УНРВА и СЗО повеќе не обезбедуваат услуги во Појасот Газа. Агенциите на ОН се усогласија со Израел и го напуштија Појасот Газа“, рече генералниот директор на Министерството, Мунир ел Бурш.
Тој додаде дека бројот на загинати во израелските напади се искачи на 12.000, а околу 30.000 се ранети.
На 7 октомври, палестинската група Хамас изврши ненадеен ракетен напад врз Израел од Појасот Газа, како и упад на израелска територија кога голем број луѓе беа убиени и киднапирани.
Израел одговори со воздушни напади, целосна блокада на Појасот Газа и копнена операција.
Конфликти има и во Либан и на Западниот Брег.
Во последната ескалација на конфликтот во Израел загинаа околу 1.400 луѓе.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант објави дека Хамас ја има изгубено контролата над Газа.
Подготвено од М.Д.