hrana

03.11.2023 Скопје

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации соопшти дека светските цени на храната благо паднаа во октомври поради падот на индексот на цените на шеќерот, житариците, растителните масла и месото, со пораст на индексот на млечните производи.

Светскиот индекс на цените на храната падна на 120,6 поени во октомври од 121,3 поени во септември, се наведува на веб-страницата на организацијата.

Вредноста на споменатиот индекс во август изнесуваше 121,6 поени, а во јули 124,1 поени, од што произлегува дека светските цени на храната паѓаат трет месец по ред, но сега со побавно темпо, наведува ФАО.

индексот на цените на житото за октомври изнесува 125 поени, што е за еден процент помалку од септември и за 17,9 отсто од ланскиот октомври, а цената на пченицата паднала за 1,9 отсто на месечно ниво.

Индексот што ги следи промените на цените на растителните масла падна за 0,7 отсто на 120 поени на месечно ниво, пред се поради падот на цената на палминото масло, како и показателот за цената на шеќерот – за 2,2 отсто, на 159,2 поени, благодарение на брзото темпо на производство во Бразил. .

Светските цени на млекото и млечните производи во октомври пораснаа за 2,2 отсто, на 111,3 поени, а месото падна за 0,6 отсто на 112,9 поени.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author