medicinska sestra

29.11.2023 Скопје

Во Швајцарија речиси 300 медицински сестри даваат отказ секој месец, што претставува голем предизвик за швајцарските болници.

Причината за заминувањето се претежно лошите услови за работа.

Медицинските сестри, меѓу другото, ги наведуваат стресот, ниските плати и неможноста да го балансираат приватниот и професионалниот живот како причини за напуштање на работата.

Истражувањата покажуваат дека 36 отсто од младите медицински сестри на возраст меѓу 20 и 24 години ја напуштаат професијата во текот на првите неколку години на работа.

„Не можам да замислам да бидам на оваа работа за пет години ако продолжиме со ова темпо. Често размислувам за промена на работа. Сите мои колеги размислуваат за промена на работата и заминувањата се редовни“, рече една медицинска сестра.

Иако оваа професија е сè уште популарна во Швајцарија, во таа земја има речиси 7.000 слободни работни места за медицински сестри.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author