https://www.facebook.com/photo.php?fbid=320148190154226&set=pb.100064771413898.-2207520000.&type=3

20.11.2023 Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска во Сараево изјави дека секоја земја има право да избира свои безбедносни аранжмани, без надворешно мешање.

Столтенберг изрази загриженост поради „сецесионистичката и поделена реторика, како и надворешното влијание, особено Русија“, бидејќи „се заканува да ја поткопа стабилноста и да ги ослабне реформите“.

Според него, сите лидери во БиХ мораaт да работат на единство и напредок, додавајќи дека Организацијата на Северноатлантскиот договор е посветена на стабилноста и безбедноста на земјата и на целиот Балкан.

„Затоа ја продлабочуваме соработката и политичкиот дијалог“, истакна Столтенберг по средбата со делегацијата на Советот на министри предводена од претседавачот Борјана Кришто.

Тој рече дека НАТО ги поддржува реформските напори на БиХ, вклучително и пакетот за градење на одбранбените капацитети на земјата.

„Ова ќе ја зајакне способноста на БиХ да одговори на природни и други катастрофи, како и сајбер одбраната“, објасни Столтенберг и додаде дека НАТО ќе продолжи да ја поддржува БиХ на нејзиниот евроатлантски пат.

Според него, седиштето на НАТО во Сараево и дава поддршка на мисијата на ЕУ „Алтеа“, а НАТО и неговите сојузници остануваат целосно посветени на успехот на оваа мисија и го поздравуваат едногласното усвојување на нејзиното продолжување во Советот за безбедност на ОН.

Тој ја пофали БиХ за успесите што ги постигна на патот кон ЕУ и додаде дека НАТО и неговите сојузници силно го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ.

Амбасадата на Руската Федерација во Босна и Херцеговина смета дека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој изрази загриженост за „сецесионистичката поделба и реторика, како и надворешното влијание, особено Русија“ – нешто не е во ред со логиката.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author