29.11.2023 Скопје
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека меѓународното право мора да се применува во сите конфликти, но дека војните во Украина и Газа се многу различни.
„Мојата порака е дека меѓународното право, хуманитарното право, мора да се почитуваат во сите конфликти и дека животите на цивилите секогаш мора да бидат заштитени“, рече Столтенберг.
Столтенберг, исто така, посочи дека „важно е да се признае дека ситуацијата во Газа и Украина се разликува на многу начини“.
„Украина никогаш не претставувала закана за Русија и не ја нападнала Русија“, рече Столтенберг.
Според него, Украина има право на самоодбрана и да го зачува својот територијален интегритет.
Подготвено од А.Ѓ.