https://www.facebook.com/NATO/photos/bc.AbrIchpcsAoPiqtcFZt5O7g8m66jgCdncL11iXgAk9DasnsVBqpnm1l6SLZqx0NS_oDLdxTqwKqClT-_qGFMrXyNdftjr8l5KlL4GoEn5U0bpmqagI_cOJ_NH1BXv-ZH_ytDKU0PtgiNk8D2dSxHyYrN/2379199778770006/?opaqueCursor=Abq_qWg_3b-jY8ktNCBYymvE575ttW2XkrDmcO7RVHfhIFclMYOH3oZTaqX9E8P5YSkTtSddmkX0WML4kL1OUXAW9xyjPMhjvmwZstGDqGPpGQZhVH20TRqD-3eBaDQCAFiFbu1hYs3fYXzBLLFPFrQRFvF9nBmnyHSMvdvJFOymqS9__qKhWiPX1qnDxRXPVFYTsZUDVITwrJJ6UsX93cvnGSN7GizyiCh7w3Ce7KrKPo_m4TyOJwQTtQgDzwIFW079gK35dBUjAYGHO9QN8rQcb0TU3-rBqY2ipkc_UdPCkTt6cjq8x7Wz79J6Mh_i90IyBFX2jUyGixCm9iXI957_2t24sd46A3Xh9kV6ek-Xd7ExLkdEI_iAlcJ6cE8Tm326S8MAXZhpWZSlQEOV9A3U-y0gR0ixDwbGF_nmr04HklA_atbd0ZQ--Mm67-sDaxP6LK31-dXRujmMjSKoTeUPQWKLGOQJ0fbmkq5oHZl_SbRa3N84IzWPPy0HE92UBTGyBA3Uj8CAihiBRzDr3kPYZIId3c2WS1kFtO4FC4CtAQkeJyGn_Hig7PuKsOqZv7yZGgpqPyDxjJNJckE4FbNRFf8ZVC38iC2jXHxgY0raahJ-Kr3_hiLB-XblmC1_zas

22.11.2023 Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за време на неговата посета на Северна Македонија изјави дека НАТО не гледа никаква воена закана од Русија против ниту еден сојузник на НАТО или регионот.

„Но, секако, остануваме внимателни и ќе останеме обединети“, рече тој по средбата со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

Столтенберг рече дека НАТО следи што се случува и е подготвен да направи се што е потребно за да го одбрани секој сојузник од воена закана.

„Ние ќе продолжиме да ја повторуваме пораката до Русија, да се воздржи од агресивни дејствија против нејзините соседи и да ја запре воената агресија врз Украина. Една од причините зошто Путин влезе во војна беше да ја спречи Украина да се приклучи на НАТО, сакаше НАТО да гарантира дека нема да се прошири, но го добива токму спротивното, а добива и нови членки Финска и Шведска“, додаде Столтенберг.

Ковачевски рече дека има руско влијание во регионот, но дека нема закана за безбедноста и стабилноста на Северна Македонија бидејќи институциите си ја вршат работата

„Се разбира, влијанието на трети земји, вклучително и руското влијание, постои во регионот и тие секогаш можат да најдат истомисленици во одредени политички партии и во одредени организации, но тие не се ни блиску до она што го поседуваат нашите институции и она што земјите членки на НАТО го поседуваат, на кој било начин би можеле да ја дестабилизираат нашата земја“, рече Ковачевски.

Подготвено од М.Д.

About Author