03.11.2023 Скопје
Портпаролот на ЕУ Петер Стано изјави дека претставникот на ЕУ за дијалог планира што поскоро да организира состанок на главните преговарачи од Белград и Приштина.
Стано нагласи дека средбата ќе биде продолжение на разговорите кои почнаа на 26 октомври.
„Претставникот на ЕУ планира наскоро да организира состанок на ниво на главните преговарачи за продолжување на дискусиите за подобрување на спроведувањето на Договорот за нормализација на односите, по состанокот за поддршка на неформалниот дијалог на 26 октомври“, рече Стано за новинарите.
Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти се сретнаа во Брисел на 26 октомври, на маргините на Самитот на Советот на Европската унија, со претседателот на Франција, премиерите на Германија и Италија, како и со претседателот на Советот на Европската Унија.
Подготвено од А.Ѓ.