14.11.2023 Скопје
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека на средбата во Белград со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, инсистирал на формирање на заедница на српски општини (ЗСО) и нагласил дека Србија е за мир и почит за се што е потпишано.
Вучиќ посочи дека Србија е секогаш подготвена за дијалог, за почитување на сè што е потпишано и договорено и повтори дека Србија се залага за деескалација, мир и стабилност, кои се неопходни за да се обезбеди опстанок на Србите на Косово и Метохија.
Претседателот на Србија уште еднаш детално го информирал Лајчак за сериозноста на ситуацијата со која се соочуваат Србите, и северно и јужно од Ибар, изразувајќи надеж дека ќе се постигнат резултати во натамошниот процес на дијалог.
На денешната средба се разговарало и за други важни теми во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Подготвено од А.Ѓ.