banjska kosovo manastir

01.11.2023 Скопје

Апелациониот суд на Косово и Метохија ја потврди одлуката на Основниот суд во Приштина да им го продолжи притворот за два месеци на тројцата Срби – Владимир Толиќ, Благој Спасојевиќ и Душан Максимовиќ, кои беа уапсени по конфликтот во Бањска, изјави адвокатот Милош Делевиќ.

Делевиќ, кој е бранител на Владимир Толиќ, рече дека на тројцата уапсени Срби првично им беше одредена мерка притвор од еден месец, а сега е продолжен за два месеца.

Тој изјави дека решението за продолжување на притворот го добил денеска преку електронска пошта, што значи дека одлуката сега е правно обврзувачка.

„Тие ќе бидат во притвор уште два месеци. Очекуваме обвинителот да не информира за понатамошните чекори во истрагата“, изјави Делевиќ.

Основниот суд на 20 октомври донел решение за продолжување на притворот, а против тоа решение одбраната поднела жалба која била одбиена.

На 26 септември на Толиќ му беше одредена мерка притвор до 30 дена, а обвинителството на самопрогласено Косово го товари за „вршење терористички чин“.

По конфликтот во Бањска уапсени се и Душан Максимовиќ од Бањска и Благој Спасојевиќ од Северна Митровица.

Душан Максимовиќ е обвинет за кривично дело подготвување тероризам, а Благоје Спасојевиќ е осомничен за сторено кривично дело тероризам.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author