08.11.2023 Скопје

Вкупната површина на која се одгледува дуњата во Србија лани е зголемена за 200 хектари. Годинашната реколта на дуњата е околу 14.000 тони. Со ова Србија се искачи на првото место во Европа, а според експертите е меѓу десетте најголеми производители на ова овошје во светот.

Дуњата во Србија се одгледува на 1.600 хектари, најмногу околу Александровац, Блац и Краљево.

Како што истакнуваат производителите на ова овошје, годинашната рода била добра, тие се презадоволни од родата, а приносот на најдобрите производители е дури 30 тони по хектар.

Се повеќе млади земјоделци влегуваат во ова производство.

Во последниве насади се воведуваат некои нови сорти, како што е триумф хемус, а сортата морава се покажала како многу добра.

Вкупната површина под дуња во Србија лани се зголемила за 200 хектари. А во околината на Краљево дуњарите се претежно млади. Овоштарите се одлучуваат за поквалитетни сорти. Ивана Глишиќ, научен соработник на Институтот за овоштарство од Чачак, истакнува дека во насадите се внесуваат нови сорти.

„Во поновите насади се воведуваат некои нови сорти како што е триумф хемус, а морам да истакнам дека сортата Морава која е создадена во Институтот за овоштарство Чачан одлично се претстави“, изјави Ивана Глишиќ.

Во Тавник кај Краљево секоја година никнуваат нови растенија од дуња.

Ова овошно дрво е распространето во селата кои гравитираат кон планините Котленик и Гледиќ. Сепак, има малку овоштари кои имаат садници од дуња на површини поголеми од два хектари. Овоштарите кои решиле да одгледуваат дуња на поголеми површини сметаат дека не погрешиле.

„Малку се инвестира во дуњата, најмалку од сите овошки. Имав јаболка и тоа. Сето тоа го исчистив и засадив дуња. Значи – исплатливо е“, изјави Радован од Тавник.

Кога станува збор за производството, дуњата е нападната од повеќе болести од групата микози и бактериоза.

Како што наведува проф. д-р Евица Мратиниќ во прирачникот за технологија на производство на дуња, иако се смета за еден од поотпорните овошни видови, не е лесно да се заштити од болести и штетници.

При бербата потребно е да се внимава на самите плодови кои се многу чувствителни на притисок, поради што оштетените и помодрените места се подложни на некроза и распаѓање. Ако дуњата се бере за преработка, подобро е да се бере пред да добие целосно жолта боја, бидејќи така ќе задржи поголема количина на пектин. Инаку, светски лидер во производството на дуња е Турција.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *