https://www.flickr.com/photos/niihx/4839966292/in/photolist-8nG6mG-nbcPJM-dYhs5i-5ft6Xu-5uhSoJ-qnemYo-a2ZXuh-qY4abF-9MVbVm-fnQReN-c5iCx1-ahntDz-8UfK8A-22qe6za-29rVFgw-2FJKAt-cmYV5u-32bYGz-738DTo-bU25jk-TBfh6K-22CgxUA-nccWga-21YdeV1-aDUBn5-24wZQrD-27FdCwu-8ipjbd-3NFeSG-284z8o8-TexpdA-eVYq8U-vmWgBf-27NeN6D-asGm13-NFrj5r-234LWnH-xw2ysa-9n2GqX-24Nrn6U-227onFo-puFcCs-7ALaiH-oyvzcn-4SWbWj-aAmupU-f5JNU-a4KEoJ-dW9uZ4-3YDf9U

15.11.2023 Скопје

Спорот меѓу италијанските власти и двата најголеми работнички синдикати „ЦГИЛ“ и „УИЛ“ во текот на вчерашниот ден ескалира поради штрајкот планиран за крајот на неделата поради буџетот за 2024 година.

Италијанскиот министер за транспорт Матео Салвини, по разговорите со синдикатите, најави дека времетраењето на штрајкот на работниците во јавниот транспорт „ќе се преполови“ на четири часа од 9 до 13 часот.

Салвини посочи дека нема да дозволи синдикатите „да ја држат земјата во заложништво цел ден“.

„Нема да го ускратам правото на штрајк, но Италија не може да застане на толку чувствителен период за економијата“, рече Салвини.

Синдикатите побараа од сите работници во регионите во централниот дел на Италија, како и од вработените во јавниот сектор и транспортот низ целата земја, да престанат со работа на крајот на неделата.

Во следните две недели се планирани дополнителни регионални протести.

Минатиот месец италијанската влада го претстави буџетот за следната година во кој според ставот на синдикатот не се одговорени главните предизвици, а целта е да се „задоволат“ главните гласачи на премиерката Џорџија Мелони.

Водачот на синдикатот „CGIL“, Маурицио Ландини, нацртот го нарече „изборен буџет“ и нагласи дека се неопходни инвестиции во сектори како што се образованието, здравството и индустријата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author