15.11.2023 Скопје
Специјални гости, врвни изведувачи и програма каква ретко се гледа – оваа сабота, во ЦК „Иљо Антески – Смок“, со почеток во 19 часот ќе бидат одбележани 79 години од ослободувањето на Тетово, како последен ослободен град во Македонија. Влезот е слободен.
Оваа година предвидена е досега најбогата и разновидна програма. Слоганот оваа година е „Од колено на колено слободно Тетово“.
Со ослободувањето на Тетово е ослободена и Македонија. Токму затоа Тетово мора да слави на највисоко ниво, порачуваат организаторите.
За потсетување, повторното свечено одбележување на овој значаен настан беше вратено во 2019, откако речиси 15 години изостана организирана активност за достојно одбележување. Настанот е во организација на Сојузот на борци од Тетово, во соработка со голем број на поединци и групи кои учествуваат во одбележувањето.
Подготвено од М.Д.