16.11.2023 Скопје
Советот за безбедност на ОН вчеравечер ја одобри резолуцијата за Газа, изјави кинескиот амбасадор во ОН, Џанг Џун, кој претседава со Советот за безбедност во текот на овој месец.
Резолуцијата повикува на „итни и продолжени хуманитарни паузи и коридори низ Појасот Газа за доволен број денови за да се овозможи целосен, брз, безбеден и непречен пристап на хуманитарните агенции на ОН“.
Во резолуцијата, Советот за безбедност повикува на безусловно ослободување на заложниците кои ги држи палестинската милитантна организација Хамас.
Текстот на резолуцијата, чиј автор е Малта, ги повикува сите страни да ги почитуваат своите обврски според меѓународното право, вклучително и заштитата на цивилите, особено на децата.
Подготвено од М.Д.