anksioznost

04.11.2023 Скопје

На летото, а со тоа и на летната еуфорија дојде крајот.

По навистина долго и топло лето, дојде есента, а промената на времето може да влијае на вашата емоционална и психолошка состојба.

Кога ќе дојде есента, многу луѓе почнуваат да се чувствуваат вознемирени.

Анксиозноста најчесто се рефлектира во чувството на страв и загриженост, кое е придружено со физички симптоми како гадење, стегање во градите, отежнато дишење.

Во продолжение прочитајте ги малите трикови кои ќе ви помогнат да се ослободите од чувството на вознемиреност, но не двоумете се да побарате стручна помош.

Еве како да се ослободите од чувството на анксиозност:

1. Пешачете барем половина час секој ден.

2. Вежбајте вежби за дишење.

3. Вклучете се во каква било активност во градината најмалку половина час дневно.

4. Започнете го денот со читање позитивни мисли и пораки.

5. Туширајте се со ладна вода.

6. Бидете физички активни наутро.

7. Не се преоптоварувајте со обврски и работа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author