28.11.2023 Скопје
Министерот за внатрешни работи Игор Клименко објави дека најмалку десет луѓе загинаа во силното снежно невреме во Украина. Воедно, и Молдавија пријави три смртни случаи.
Јужна Украина е најтешко погодена, особено регионот Одеса, каде што се евакуирани речиси 2.500 луѓе.
Украинскиот министер за внатрешни работи Клименко изјави дека како резултат на влошените временски услови починаа десет луѓе во регионите Одеса, Харкив, Миколаив и Киев, а повеќе од 20 луѓе се повредени.
Силното невреме проследено со снег и ледени ветрови остави без струја стотици населени места и блокираше бројни автомобили, камиони и автобуси на патиштата.
Клименко додаде дека на некои места има и два метри снег.
Во Молдавија, две лица се смрзнале до смрт во автомобил во источниот дел на земјата, а уште едно лице почина близу главниот град Кишињев.
Подготвено од А.Ѓ.