Image by azerbaijan_stockers on Freepik

29.11.2023 Скопје

Словенечкиот Парламент ја усвои Резолуцијата за националната програма за безбедност на патиштата за следните седум години, која вклучува ограничување на брзината од 30 километри на час на неколку патни правци, а возачите нема да смеат да имаат ниту милилитар алкохол во крвта.

Новите мерки треба да обезбедат до 2030 година да не загинат повеќе од 50 луѓе на патиштата, а не повеќе од 400 да бидат повредени во несреќи.

Резолуцијата предвидува развој на инфраструктурата со цел дополнително да се промовира безбедното користење на јавниот превоз, пешачење, возење велосипед и други форми на мобилност.

Истовремено, планирано е проширување на просторот со најголема дозволена брзина од 30 километри на час и зона на умерен сообраќај, особено во близина на училишта, градинки, на раскрсници на јавниот патнички сообраќај и населени места.

Меѓу другото, резолуцијата предвидува заострување на законот за прекршителите во сообраќајот и можност за покачување на барањето за обесштетување за предизвикување тешка сообраќајна несреќа поради алкохол или дрога од 13.560 евра на 130.000 евра.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author