https://www.flickr.com/photos/jenniferboyer/6042786929/in/photolist-acYS2x-2jA9hXn-2juceHq-2mJENeV-2mJwfyn-MMr8dY-2kpiBF4-5TRqvq-2ksyHcM-2jyY2VD-AjwgaN-2jyL92r-2kiEcsm-fNvhSx-7JnZBs-2mmrcP2-2jAd3Lm-2hfvDfA-2mmrfbm-zfSJqE-nH1YVZ-2hfpyoY-39XwZi-5ntrxp-ddBebH-2hccfrw-2mmhkmM-2iYQEHs-2kuoVWA-2hfvDi6-bdDWM-6odLyf-2i1AADj-B9AkAc-ijiiLN-2mmhiYG-2mmmdCs-CVFFf-2naKmbE-2mmrbuP-Gx6dcL-ktfXjj-2mmre3p-ku68a6-2kukgXs-5Fco6w-2mmhjXa-29eP43p-cfpHjC-2mmmb4z

15.11.2023 Скопје

На состанокот на министрите за надворешни работи на членките на ЕУ и за Западен Балкан одржан во Брисел беше истакнато дека целта на Европската Унија е да го зајакне ангажманот во областа на Западен Балкан. Воедно, на состанокот е претставен „no paper“ потпишан од Хрватска, Словенија, Австрија, Чешка, Грција, Италија и Словачка и со истиот побараа Западен Балкан да се стави на врвот на приоритетите на Европската Унија и даму се даде целосна поддршка на патот кон пристапување.

Веднаш по средбата во Брисел, Словенија најави дека на состанокот на Европскиот совет во декември ќе предложи пристапните преговори ЕУ-БиХ да почнат веднаш или истовремено со преговорите со Украина и Молдавија.

„Во светлината на војната во Украина, процесот на интеграција во ЕУ, пред сè, мора да се третира како алатка за стабилизација и инструмент за одвраќање на влијанието на странските играчи кои се заинтересирани да ја попречат европската интеграција на БиХ“, напиша Роберт Голоб, словенечкиот премиер, во писмо до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Тој потсети дека минатата недела Европската комисија препорача почеток на пристапните преговори со БиХ кога ќе достигне одредено ниво на исполнување на условите за членство.

„Одлуката за вистински почеток на преговорите би била донесена врз основа на извештајот од Брисел, кој ќе биде претставен најдоцна до март 2024 година“, изјави Голоб.

Што се однесува до „non-paper“, во него се наведува и дека Западен Балкан е изложен на дестабилизирачки фактори како што се „малигното влијание на трети земји“, хибридните закани и илегалната миграција и дека Европската унија треба да даде нов поттик во однос на зајакнувањето соработка во областа на заедничката надворешна и безбедносна политика, како и дијалог со самите земји.

@Ние, пријателите на Западен Балкан, делиме посебна одговорност за одржување на тој регион високо на политичката агенда на ЕУ и кога станува збор за поддршка на тие земји на европскиот пат“, се наведува во „non-paper“ со кој се запознаени и министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ.

Милорад Додик, претседателот на Република Српска, рече дека со години на Балканот кружат разни „non-paper“, но дека нема кој да и помогне на БиХ додека претставниците на БиХ не се договорат.

„Дијалогот и меѓусебното почитување се приоритет. Без него ЕУ нема да оди никаде, а камоли во ЕУ“, напиша Додик на својот профил на Твитер.

Елмедин Конаковиќ, министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина, учествуваше и на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ и земјите од Западен Балкан во организација на Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, кој рече дека Босна и Херцеговина ќе продолжи да работи на исполнување на 14 приоритети.

„Претстојниот состанок на Европскиот совет во декември е можност ЕУ да ги исполни своите ветувања и да го задржи кредибилитетот на процесот на проширување во регионот на Западен Балкан“, соопшти Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина.

Во соопштението понатаму се наведува дека Конаковиќ ги повикал земјите-членки на ЕУ да ја разберат важноста, ефектот и последиците од одлуката што треба да ја донесат кога станува збор за БиХ и нејзиниот европски пат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author