14.11.2023 Скопје
Инспекторите од словенечката управа за безбедност на храната ја забранија кофеинската верзија на енергетскиот пијалок Prime бидејќи ja содржи состојкаta Л-теанин, која не е дозволена во безалкохолните пијалоци во ЕУ.
Верзијата на напитокот за хидратација останува на полиците на словенечките продавници.
Како што пишуваат локалните медиуми, увидот врз основа на пријавата излегла на терен и открила дека има два вида пијалоци.
Контролата на состојките утврдила дека енергетскиот пијалок Prime ја содржи состојката Л-теанин, која не е дозволена во безалкохолните пијалоци во ЕУ.
Така, оваа верзија е забранета за оптек, соопшти денеска инспекцијата.
При последните контроли, инспекторите утврдиле дека субјектите повеќе не пласираат енергетски пијалоци со кофеин, туку само хидратантни пијалоци од брендот Prime, кои не содржат кофеин и Л-теанин.
Воедно, Дирекцијата за јавно здравје на Министерството за здравство побара проценка на ризик од Националниот институт за јавно здравје. Како што појаснија, од доставената документација е јасно дека проценетата изложеност на кофеин преку конзумирање на енергетските пијалоци Prime укажува на постоење на веројатност за штетно влијание врз здравјето на релевантните групи на население, па оттука енергетските пијалоци Prime претставуваат ризик за здравјето на децата и адолесцентите поради содржината на кофеин.
Подготвено од А.Ѓ.