07.11.2023 Скопје

Словачкиот премиер Роберт Фицо негираше дека неговата земја ќе продолжи да испорачува воена помош за Украина.

„Повторувам дека нема да испраќаме воена помош, оружје и муниција за Украина. Регулативите на ЕУ ни го дозволуваат тоа. Тие наведуваат дека секоја помош за Украина е прашање на билатерална соработка, што значи дека одлуката за испраќање оружје е на доброволна основа“, истакна Фицо.

Според него, лидерите на ЕУ на нивниот неодамна одржан самит не ветиле воена помош за Украина, но се согласиле дека сакаат таа да продолжи. Тој нагласи дека во Киев ќе испрати само хуманитарна помош.

Фицо и претседателот на парламентот Петер Пелегрини потврдија претходно дека приватните словачки компании сепак ќе можат да ги спроведуваат претходно склучените договори со Украина за време на претходната администрација.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *