Photo by form PxHere

17.11.2023 Скопје

Потпретседателот на Владата на Србија и министер за финансии Синиша Мали го честиташе Меѓународниот ден на студентите и потсети дека во тек е пријавувањето за студентски картички.

„Драги студенти, среќен Меѓународен ден на студентите“, напиша Мали на Инстаграм.

„Овој ден се одбележува во спомен на 17 ноември 1939 година, кога нацистите убија 20 чехословачки студенти кои демонстрираа против окупацијата на нивната земја. Кога зборуваме за студентските настани во нашата земја, ве послушавме и го поддржавме најголемиот студентски проект во Србија – нови студентски картички. Министерството за финансии и Министерството за образование заедно со Поштанска Штедилница им овозможија на сите студенти во Србија да добијат бесплатна платежна картичка која вклучува голем број на попусти и поволности, а за само пет дена имаме дури 48.000 апликации. Ние инвестираме во вас, бидејќи вие сте нашата иднина“, рече Мали.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author