poplavi

20.11.2023 Скопје

Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека девет лица загинаа во силното невреме, а 11 морнари се прогласени за исчезнати во Црното Море.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја за новинарите во северозападната провинција Зогулдак, каде што загинаа четири лица, изјави дека девет сограѓани загинаа поради невремето и екстремните дождови.

Додека пак, како што соопшти Јерликаја, пет други лица, меѓу кои три деца, загинаа во поплавите во провинциите Татман и Дијарбакир на југоисток.

Утрово е пронајдено телото на еден од 12-те турски морнари кои исчезнаа во водите кај Ерегли, пристаниште во провинцијата Зонгулдак. Турски товарен брод со 12 членови на екипажот потона во неделата во близина на брегот на Црното Море во Турција во невреме.

Капетанот на бродот Кафкаметлер, кој пловел под турско знаме, во неделата наутро пријавил дека бродот плови кон брановидникот кај Ерегли.

Канцеларијата на гувернерот соопшти дека лошите временски услови ги спречиле авионите и бродовите да го бараат бродот.

Друг брод, кој плови под знамето на Камерун, се распадна во близина на Ерегли поради силината на брановите, но целиот екипаж е спасен и е безбеден.

Турското МВР соопшти дека ветрови со со брзина од 130 до 140 километри на час ја погодија таа зона, формирајќи бранови високи од осум до девет метри.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author