08.11.2023 Скопје
Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на морето Банди во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 370 километри југоисточно од Амбон во Индонезија и на длабочина од 146 километри.
Нема предупредување за цунами од земјотресот, соопшти Пацифичкиот центар за предупредување од цунами (ПВТЦ).
Подготвено од А.Ѓ.