https://www.flickr.com/photos/152835368@N03/36054662635/in/photolist-WW2z5p-BWSMdb-KpTVkG-KzhqSQ-5b9rPV-bM5sdt-dsHHGb-hvYGTW-b81qDn-24gzod-WkHinR-dae59M-4X5ojn-LMNiPq-7KHc89-aWDoYT-LUkb2-8eXNLD-Mm7xm-29AuMRH-vGyRF-5AbeMG-4Dv6ob-Xz7oK-Sqd9E1-YndVkk-La4LDt-9ye12H-9pmcUh-8jkDKN-ai9ifK-pePizi-aPSewi-eDSbrz-akHDiR-9vQrFk-pihRbx-fQwvss-87FvXU-88J2jW-8byQdh-b5K85a-RsuMb-rGDeGo-6euUqD-g3PY5T-aBMmtp-cA675U-DpF1M-BbgzFy

29.11.2023 Скопје

Шведскиот институт за статистика – СЦБ денеска објави дека Шведска влезе во рецесија бидејќи нејзината економија падна за 0,3 отсто во третиот квартал во однос на вториот квартал, по претходниот квартален пад од 0,8 отсто.

Како што е наведено на веб-страницата на организацијата, падот е пред се последица на намалувањето на залихите и помалата потрошувачка на домаќинствата.

Потрошувачката на домаќинствата е намалена за 0,6 отсто на квартално ниво, додека потрошувачката на општата влада не се менува. Бруто-инвестициите во постојан капитал се намалени во истиот период за 0,6 отсто.

Инвестициите во станови продолжија да опаѓаат, како и инвестициите во други згради и објекти. Во третиот квартал извозот порасна за 1,4 отсто на квартално ниво, додека увозот е намален за 1,5 отсто.

На годишна основа, шведската економија падна за 1,4 отсто во однос на третиот квартал од 2022 година.

Потсетуваме дека и норвешката економија се намали во третиот квартал и влезе во рецесија, при што странската побарувачка за гас опадна, покажаа податоците на заводот за статистика.

Норвешкиот БДП во периодот од јули до септември е намален за 0,5 отсто во однос на претходните три месеци кога забележа ист процентуален пад. Во првите три месеци од годинава бележи раст од 0,2 отсто.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author