30.11.2023 Скопје
Швајцарскиот федерален совет донесе одлука да испрати уште 20 војници на Косово и Метохија како дел од мисијата КФОР.
Швајцарските војници ќе пристигнат на Косово и Метохија во април 2024 година и ќе ја заменат транспортната единица што Австрија ќе ја повлече следната пролет.
Лани во јуни швајцарскиот парламент му даде овластување на Федералниот совет да го зголеми бројот на своите членови за максимум 30 војници за да се задоволат евентуалните дополнителни потреби.
Подготвено од А.Ѓ.