shvajcarija

02.11.2023 Скопје

Швајцарија ќе продолжи да обезбедува посебна заштита на украинските бегалци. Тоа го одлучи Сојузниот совет на седницата во средата.

Не може да се предвиди одржливо стабилизирање на ситуацијата во Украина, пишува Советот.

Затоа, статусот на заштита „S“ нема да биде укинат пред 4 март 2025 година.

Статусот „С“ е на сила од 12 март 2022 година, кога беше активиран од Федералниот совет поради специјалната воена операција на Русија против Украина.

Служи како привремена заштита за време на траење на сериозна општа опасност.

На крајот на октомври 2023 година, околу 66.000 луѓе од Украина имаа активен статус „С“ во Швајцарија.

Владата за прв пат ја дефинираше целта за интеграција на пазарот на труд: 40 отсто од жените и мажите кои можат да се вработат со статус „С“ треба да се вработат до крајот на 2024 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author