08.11.2023 Скопје
Д-р Џил Болт Тејлор, американски истражувач на мозокот, го опиша сопственото искуство на одење по работ на животот и моментот на смртта во книгата „My Stroke Of Insight“. Доживеала страшен мозочен удар и тоа искуство целосно и ги променило приоритетите во животот. Таа вели дека чувствувала чувство на стравопочит додека умрела, измешано со блажена еуфорија.
Крварењето се случило во левата половина од мозокот и се проширило толку брзо што по четири часа било со големина на тупаница.
„Со десната половина од мозок влегував и излегував од свест. Кога стигнав во болница, крварењето беше со големина на тупаница во левиот дел на мозокот. Во текот на утрото влегов во еден вид блажена еуфорија, свеста на мојата десна страна од мозокот. А, потоа ќе се вратев назад и ќе се оптоварував со детали за тоа како да си помогнам себеси“, рече таа.
Додала дека при таа борба за живот наизменично паѓала во несвесна и свесна состојба при што знаела што се случува со неа и околу неа, но немала чувство на страв.
„Бев многу благословена. Воопшто не се плашев. Лежев таму во блажена еуфорија на десната страна од мозокот. Или бев во левиот мозок, преокупиран со обидот да сфатам што треба да направам за да се справам со моето сопствено спасување“, се присетува таа на искуството што и останало врежано во сеќавањето цел живот.
Таа продолжи: „Мозочниот удар ме промени 100 проценти. Ме оддалечи од верувањето дека сум центарот на светот и дека е важно само „јас и моето“. Целиот тој круг, свеста за самата себеси како поединец, исчезна, а во недостатокот на фокусот на себе се префрлив во свеста дека сум дел од човештвото. Станав поотворена, експанзивна и флексибилна кон можностите, наспроти „еве што сакам, и ова се чекорите што ќе ги преземам за да ги постигнам“. Се оддалечив од линеарниот начин на гледање на светот и живеам поотворена за можностите за тоа што може да биде и што најмногу ми одговара“, рече таа.
Таа вели и дека на смртната постела сфатила што е навистина важно во животот, па нејзините приоритети денес се сосема поинакви од пред мозочниот удар.
„Автентичното јас е дел од нас за кој цврсто верувам дека се појавува во последните пет минути од нашиот живот. Кога сме на смртна постела, левиот дел од мозокот почнува да се распаѓа и се оддалечуваме од сите акумулации и надворешниот свет, затоа што веќе не е вреден. Она што е вредно е кои сме ние како луѓе и што сме направиле со нашите животи за да им помогнеме на другите. Сите се соочуваме со тоа и мислам дека е „суден ден“, но мислам дека не е да се суди нешто надвор од нас, тоа се гледа себеси“, продолжи таа.
Бидејќи според невронаучниците слухот е последното сетило што исчезнува, а како што вели д-р Тејлор, блаженото искуство може да го замени стравот од умирање, оваа информација би можела да биде корисна во обезбедувањето утеха на семејството и пријателите и да ги води како да се однесуваат додека стојат покрај креветот на саканата личност на која не и остана уште многу живот.
„Слушнавме дека лекарите честопати се сведоци на позитивни реакции од пациентите доколку најблиските разговараат со нив во тие последни моменти. Кога нашата мајка умираше, сестра ми и јас седевме покрај неа, ја држевме за рака и шепотејќи ѝ зборови на утеха додека уредот во болницата не покажа права линија. Интуитивно помисливме дека можеби нашата мајка може да нè слушне. Никој не знае со сигурност што се случува кога ќе умреме, но истражувањата на некои невронаучници покажуваат дека нашата интуиција можеби е исправна“, вели др. Брајан Е. Робинсон, американски писател, психотерапевт и професор на Универзитетот во Северна Каролина во Шарлот.
Тој додаде: „Во последните часови пред очекуваната природна смрт, многу луѓе влегуваат во периоди на неодговорност кога веќе не реагираат на надворешното опкружување. Анегдотските извештаи за искуства блиску до смрт обично вклучуваат приказни за личноста која умира дека слуша необични звуци или слуша како ја прогласуваат за почината. Во револуционерна студија објавена на „Scientific Reports“ во јуни 2020 година, невронаучниците го открија првиот емпириски доказ дека некои луѓе можат да слушнат што се случува околу нив во таа фаза на негирање, неколку часа пред смртта“, објасни тој.
Станува збор за истражување на невролозите од Универзитетот во Британска Колумбија кои со помош на индексот на ЕЕГ ја мереле електричната активност во мозокот на пациентите во болницата Сент Џон додека биле свесни и кога престанале да реагираат.
Исто така, во истражувањето користеле контролна група од млади, здрави учесници. Тие ги следеле одговорите на мозокот на тоновите и откриле дека аудитивните системи на пациентите кои умираат реагирале слично како кај младите, здрави субјекти, само неколку часа пред да умрат.
Тие заклучија дека „мозокот што умира реагира на звучни дразби дури и за време на несвесната состојба и дека слухот е последното сетило што влегува во процесот на умирање“.
Многу луѓе кои имале блиску смртни искуства го опишуваат како чувство на стравопочит или блаженство, како и како неволно се вратиле во нивните тела.
Подготвено од А.Ѓ.