Image by senivpetro on Freepik

23.11.2023 Скопје

Велат дека чесноста е најдобрата политика, но еден специјалист за регрутирање откри дека има три работи за кои треба да лажете на интервју за работа ако сакате да добиете позитивен одговор.

Бони Дилбер е специјалист за регрутирање во технолошка компанија, а во видеото на TikTok откри кои „лаги“ можат да ви помогнат да се издвоите од другите кандидати и да го поминете вториот круг.

1. Причината поради која ја напуштивте последната работа

„Ако ја напуштивте последната работа затоа што не ви се допаднала, затоа што не сте се согласувале со вашиот шеф или колегите – ќе лажете за тоа. Ве молам, не им кажувајте дека вашиот шеф не ве сака Не кажувајте им дека било тешко да се работи со вашите колеги. Сè што ќе слушнат е дека сте проблематични“, објасни таа.

„Наместо тоа, кажете дека сè одеше одлично, но сакавте повеќе предизвици“, додаде таа.

2. Зошто ја сакате работата

Иако е свесна дека сите луѓе бараат нова работа за парите и поволностите, Бони вели дека никогаш не треба да го откривате ова бидејќи тоа е предупредувачки знак за нив дека се грижите само за парите.

„Наместо тоа, спомнете дека сте страсни за мисијата на компанијата и нагласете дека добро ќе одговарате“, додаде таа.

3. Планови за иднината

„Не ми е гајле дали таа работа ти треба само за кратко или ако платата не ти одговара и ќе дадеш отказ штом најдеш нешто подобро. Кога ќе те прашаат кои се твоите планови за следните пет години – вашите планови се да бидете во таа компанија и да растете во неа“.

„Секоја компанија сака вработен кој ќе остане и ќе расте со нив“, додаде таа и на крајот рече: „Тоа се само мои мислења и луѓето треба да пристапат на интервјуто на начин што им одговара“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author