01.11.2023 Скопје
Потрошувачката на доволна количина на вода е неопходна за опстанок на сите суштества, а што е подобро за здравјето – ладна или вода на собна температура, ќе дознаеме во продолжение.
Експертите препорачуваат да се пијат најмалку осум чаши вода дневно, а понекогаш се води дебата дали е подобро да се пие ладна или вода на собна температура. Се смета дека студената вода има температура помеѓу 0 и 3 Целзиусови степени. Што се однесува до водата со собна температура, таа обично се движи помеѓу 20 и 25 степени Целзиусови.
Не постои голема или научно докажана предност во изборот на вода на собна температура, но поради некоја причина во многу култури се смета дека е добро понекогаш да се пие топла вода. На пример, ајурведската медицина предлага пиење топла вода, особено наутро и на празен стомак, бидејќи се верува дека е добра за дигестивниот тракт. Се разбира, понекогаш на нашето тело му е потребна ладна вода, на пример, во топлите летни денови. Експертите советуваат и да се испие чаша топла вода час или два пред оброкот.
Во една студија објавена во списанието на Меѓународното друштво за спортска исхрана, спортистите кои пиеле ладна вода после тренинг имале во просек пониска телесна температура и можеле да го одложат порастот на температурата за време на вежбањето. Доколку планирате да трчате во топлите летни денови, тогаш студената вода е подобар избор, велат експертите.
Без разлика на вашите преференции – ладна или вода на собна температура – важно е да пиете вода редовно и секој ден, а што се однесува до нејзината температура, одберете ја онаа што ќе ве поттикне повторно да ја пиете.
Подготвено од А.Ѓ.